| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Субвенциите за греење на пелети ќе продолжат со цел да се намали загаденоста

Освен затоплувањето на домовите, на загадувањето во Скопје влијаат и сообраќајот и индустријата иако долго време се веруваше дека индустријата е најголемиот загадувач. Јас сум првиот градоначалник кој стави мерач за загадувањето на РМ 10 и РМ 2,5 честичките, истакна во дебатна емисија на ТВ Нова актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за уште еден мандат од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски.

Јас во минатото не бегав од тој проблем напротив го отворив, дотогаш и сега Министерството за животна средина по закон има свои мерни станици на одредени локации во градот Скопје и не информира за загаденоста и ние како град Скопје ги информираме граѓаните. Ние по закон мораме да ги информираме и да даваме препораки, додека пак мерките ги дава Министерството за животна средина и просторно планирање со тоа што ние како локална самоуправа мораме да создадеме предуслови за што помалку загадување, потенцираше Трајановски.

Тој вели дека градот Скопје има направено неколку мерења заедно со Штипскиот факултет во индивидуален дом во Аеродром и притоа се утврди дека загадувањето доаѓа директно од греењето.

Јас во мојата нова програма повторно ставив и субвенционирање на купување на печки на пелети кои што минимално загадуваат и доста голем број на луѓе ја искористија оваа можност и истата ќе продолжи и понатаму да се користи, вели Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top