Во програмата што ја нуди кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Свети Николе, Зоран Тасев, има 186 проекти. Тој ги презентираше дел од проектите од својата предизборна кампања.
–Свети Николе од слепо црево стана едно од најфрекфентите комуникациски поврзаните општини и затоа заслужува проекти кои што ќе бидат вредни за реализација. Изградбата на станицата за отпадни води, овде сме на пола пат. Средствата ги обезбедивме од ИПА фондот и потпишуваме договор со грчкиот партнер веќе на крајот на октомври со тоа што ќе одиме во две фази. Првата фаза одиме со реконструкција на прочистелната станица, оној механичкиот дел. Во втората фаза каде што има расположение да се вклучи бизнис секторот и министерството за животна средина и просторно планирање ќе одиме со втората фаза, комплетно ќе бидат објавени сите. Ова е многу значаен и вреден проект. Прва фаза, крај на реализација, крај на 2018 година, истакна Тасев.
Вели дека светиниколчани добиле квалитетна вода за пиење, но потенцира дека добро е оние што имаат проблеми со вода за пиење да добијат подобар квалитет.
–Следниот проект е цевковод до сите села во нашата општина која што имаат такви проблеми. Тоа се: изградбата на цевковод до селата Мустафино, Ерџелија, Кадрифаково, Пеширово, Амзибегово и Црнилиште. Ова е многу значаен проект затоа што ќе добијат сите жители квалитетна вода за пиење. Рок на реализација, 2019 година. Сите ние имаме една традиција да одиме во градскиот пазар. Дали денски, дали кога е пазарен ден. И овде сме на пола. Имаме обезбедени средства, имаме проектна документација и одиме со реализација напроектот „Реконструкција на градскиот пазар“. Значаен проект. Средствата се во висина од околу 320 илјади евра. Исто така тоа е гранд. Дел се наши средства. Рок на реализација, 2018 година, посочи Тасев.
Тој ја спомена и реконструкцијата на патниот правец, Пеширово-Ерџелија.
–Сите знаете дека Свети Николе се претвори во едно големо градилиште покрај автопатот. Се градат пристапните делови на Свети Николе, надвозници, подвозници, изградбата на автопатот. Овој патен правец покрај надвозникот кој што се прави можеше на време да се реконструира. Затоа ние сме тука, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум тука Зоран Тасев, да го реализираме овој проект. Ова е значаен проект. Вредноста на овој проект е 486 илјади евра и ќе се реализира до 2019 година. Се надеваме до тогаш ќе завршат сите други градежни работи којшто се поврзани со овој проект. Сите се сеќавате на поплавите и на оштетувањето на речното корито. Ние тропавме на сите порти. Обезбедивме дел од средствата. Меѓутоа сега, обезбедуваме дополнителни наши средства за санација на оштетеното речно корито. Не само санација туку и партерно уредување на речното корито. Рок на реализација 2019 година, рече Тасев.
Истакна дека она кое што сите го препознаваат него и локалната самоуправа е реконструкцијата на застарената водоводна мрежа.
–Она по што сите не знаат, мене ме препознаваат, мене ме знаат е реконструкцијата на застарената водоводна мрежа. Никој досега не беше сменил азбесни и метални цевки. Имаме голем проблем во градот, меѓутоа ја сум првиот градоначалник кој смени 6 и пол километри. Ветувам во вториот мандат дека со истото темпо и истата динамика ќе продолжиме понатаму да менуваме стара и дотраена азбесна водоводна мрежа. Рековме и остануваме на истото, здравјето на граѓаните пред се. Сите ние на некој начин сме поврзани со најмалите. Сите имаме деца кои што и носиме во градинките и секогаш треба да внимаваме на оваа работа. Во минатиот период направивме комплетна реконструкција, во следните четири години ќе направиме две нови градинки. Едната ќе биде проширување на капацитетот на градинката во Свети Николе за вкупно 100 легла за оние дечиња што чекаат на листата нема веќе да чекаат, другата ќе биде изградба на нова детска градинка во село Ерџени. Ова верувам дека е значаен проект за многу наши сограѓани, посочи кандидатот за градоначалник на општина Свети Николе.
Појасни дека во иднина предвидено е ставање на нова канализациона и на нова водоводна мрежа.
–Ќе ги опфатиме населбата Рудина, населбата Крижински пат и населбата Рудински пат. За сите овие имаме изготвено проектна документација, обезбедено средства, аплицирано, чекаат на тендер во Министерство за транспорт и врски. Проектот верувам дека веднаш после изборите ќе почне со реализација, такви се нашите информации. Ќе ги изградиме улиците „Михајло Апостолски“ и Гаврило Гаврилски. Овде ставивме вода и канализација, на ред се да ги уредиме улиците. Тоа е следната фаза. Понатаму планираме да направиме изградба на водовод и канализација на улицата „Васка Цикрева“, многу значаен проект затоа што тоа е срцето на градот а таму имаме многу дотраена стара канализација и водоводна мрежа. Со ставањето на новата канализациона и водоводна мрежа верувам дека ќе се решат големи проблеми кои што сега ги имаме, потенцира Тасев.
Вели дека ќе бидат заменети сите водомери со дигитални водомери.
–Имаме доволен лимит во Светска банка за да можеме да ги извршиме тие средства и со тоа ќе ја зголемиме ефикасноста на јавното комунално претпријатие. Исто така значаен проект, секојдневно од Свети Николе до Крежево одат луѓе кои што сакаат да спортуваат. Во минатиот период направивме 13 детски игралишта, реновиравме спортски сали. Сега планираме за сите оние кои што се шетаат до локалитетот Била Зора да направиме трим патека, пешачка патека, велосипедска патека која што ќе биде осветлена и модерно дотерана во должина од 4 и пол километри. Ќе оди во две фази 2018 и 2019 година. Имаме уште многу проекти, вие ќе ја видите целокупната програма. Ќе видите што нуди ВМРО-ДПМНЕ, ќе видите што нуди Зоран Тасев како градоначалник. Човек кој што секогаш кога ќе го каже зборот си го држи зборот. Во вистинска смисла на зборот ние ги реализираме проектите. Ние ќе продолжиме и понатаму со работа. Работата е нашиот мотив. Проектите се наша цел. Ќе ги реализираме сите оние ветени работи кои во минатиот период ги ветивме и ги реализиравме и сега ќе ги реализираме, истакна кандидатот за градоначалник на Свети Николе.
Посочи дека ова како и досега ќе се реализира, додавајќи дека со многу работа, труд и посветеност ќе продолжат да работат на деталните урбанистички планови.
–Свети Николе е град кој што треба да расте. Свети Николе ќе биде гратче кое што ќе биде многу блиску до метрополата, многу блиску до аеродромот Александар Велики, од тие причини ние мора да градиме визионерски. Да размислуваме како градот ќе ни се развива во иднина. На светиниколчани им треба градоначалник кој знае, умее да ги реализира проектите, кој што го познаваат и кој што многу одамна е вклучен во општествениот живот. Вие тоа добро знаете да го препознаете. Продолжуваме понатаму. Секогаш Свети Николе. Секогаш работа. Секогаш Македонија, истакна Тасев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст