| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Дубровник: Турист пливаше по „Страдун“

Во Дубровник вчера имаше големо невреме кога наврнаа 50 литри дожд на квадратен метар за само час и половина, па главната улица во стариот град на Дубровник, „Страдун“, некое време беше поплавена. Еден чешки турист го искористи невремето за малку да се забавува.

Тој се соблече и заплива на главната улица „Страдун“, која поради обилните врнежи се претвори во вистински базен.

Обилниот дожд предизвика метеж на сообраќајниците во поголемиот дел од градот, а некои објекти беа поплавени, но со брза интервенција на пожарникарите водата е испумпана од дестина објекти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top