
Проектот за обновување на фасадите на зградите во населбата Мичурин ќе продолжи се додека не се променат на сите кои се оштетени. Ова на денешната прес конференција го најави градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски.
– На вториот ден од кампањата денеска во Мичурин ги најавив проектите во мојата четиригодишна програма за најстарата населба во Општина Аеродром. Еден од покрупните проекти е продолжување на проектот за промена на дотраените и оштетени фасади, кој го почнавме минатата година и која планираме да го продолжиме сè додека не се променат фасадите на сите оштетени згради во Мичурин. Како и досега и во претстојниот период ќе останеме фокусирани на подобрување на условите за образование, така што ќе ги реконструираме санитариите во ОУ Блаже Конески, фудбалското и кошаркарското игралиште во ова училиште, а пред влезот ќе поставиме хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на децата, истакна Коневски.
Освен овие зафати, тој најави и дека ќе се доуреди паркот во оваа населба.
– Исто така, хортикултурно ќе го уредиме паркот во кој се наоѓаме сега со автоматски систем за полевање и летниковци, а ќе насадиме и трева, ќе го оградиме кошаркарското игралиште и ќе поставиме клупи и корпи за отпадоци. Во однос на инфраструктурата предвидени се нови пешачки патеки од бекатон плочки, реконструкција на сите оштетени улици, изградба на нови паркиралишта и тротоари, како и поставување на нови линии за јавно осветлување, дополни Коневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови


