| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ја узурпира полицијата во служба на партијата

На првиот ден од изборната кампања, пред и навистина да земе замав, СДСМ ја узурпира полицијата во служба на партијата.

Иако пресрет на изборите Владата донесе Декларација за слободни и фер избори, полицијата на чело со Оливер Спасовски е активен учесник во кампањата на СДСМ.

Усвоивме и дистрибуиравме прецизни упатства за начинот на постапувањето на премиерот, министрите во Владата и на сите останати државни функционери за забраната за користење на државните ресурси како возила, опрема и останато за време на изборната кампања, рече министерот за пропаганда Роберт Поповски вчера на прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното на неговото министерство во стоте дена влада.

И додека Поповски од една страна ја замајува јавноста дека забраната за мешање на државни и партиски активности е еден од главните услови за одржување на фер и демократски избори, премиерот Заев го прави токму спротивното од она за што Поповски зборуваше.

Во работно време Оливер Спасдовски со службено обезбедување остварува партиски активности. Зоран Заев и СДСМ најавуваа департизација и деполитизација на институциите и на државниот апарат додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата. Ваквиот однос на СДСМ е за очекување.

Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и да ја одвои партијата од МВР, како што СДСМ ветуваше пред изборите во декември, тој беше унапреден во потпретседател на СДСМ. Луѓето од неговиот кабинет денеска се активни партиски спроведувачи на изборните активности на СДСМ.

Митко Бојмацалиев е вработен во Кабинетот на Оливер Спасовски. Очигнедно некој од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР треба да понесе одговорност што спротивно од одредбите на Министерството за внатрешни работи Бојмацалиев во работно време води партиска кампања со државни ресурси.

 

Граѓаните јасно гледаат дека совпаѓањето на партијата со Министерството за внатрешни работи е дел од стратегијата на СДСМ да ги стави под своја капа органите на прогонот и правосудниот систем.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top