| четврток, 6 декември 2018 |

Штип се подготвува за фестивалот на забавна музика „Макфест“

Организациониот одбор на фестивалот на забавна музика „Макфест“ соопшти дека се прават последните подготовки за фестивалот.

На сцената на Домот на културата за време на фестивалот ќе бидат изведени 30 композиции.

– Меѓу нив се Боби Мојсовски, Мартинијан Кириловски, Антонија Гиговска , НадеТалеска и многу други, истакна Кирил Панајотов од организациониот одбор на „Макфест“.

Фестивалот и годинава ќе ја задржи интернационалната програма на која ќе настапат шест авторски и пејачки тимови од исто толку држави и тоа од Таџекистан, Азербејџан, Бугарија, Шведска, Финска и Белорусија.

– Редоследот по којшто ќе настапат пејачите, ќе се одреди на прес конференција, која традиционално ќе се одржи во Скопје, а на која уметничкиот директор ќе ја запознае јавноста со сите детали и ќе се изврши жребувањето за редоследот за првата и втората полуфинална вечер, рече Драган Ристов од прес-центарот на фестивалот.

„Макфест“ годинава ќе се одржи во стариот термин, односно на 5, 6 и 7 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top