| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е најдобар показател за стравот и паниката од поразот кој СДС ќе го доживее на овие избори

Вечерашниот говор на Зоран Заев е најдобар показател за стравот и паниката од поразот кој СДС ќе го доживее на овие избори, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Зоран Заев на вечерашниот митинг во Битола.

-Зоран Заев е преплашен човек, затоа што знае дека народот ќе го порази. Видовме бледо издание, говор полн со омраза, навреди, приземни лаги и лажни ветувања, препознатлив стил за СДС. Еве ги резултатите на животот на СДС: Севизните резерви се намалени над 178 м евра. 240 милиони евра ново задолжува само по основ на издадени државни хартии од вредност. Два последователни падови на просечната плата за 1.3 и пад на индустриското производство 2,2%, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека пад на извозот за јуни и јули и тоа 12% односно 52 милиони евра со што му нанесе голема штета на домашното стопанство.

-Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1 процент. 100 милиони евра странски инвестиции помалку. Под знак прашање се 60 тина странски инвестиции кои може да донесат над 25 илјади работни места. Лагите манипулациите и приземното ниво на комуникација му го препуштаме на Зоран Заев и СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да говори со факти, аргументи и да нуди решенија кој ќе значат подобар живот за граѓаните, велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top