Од АМСМ известуваат дека сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Се препорачува внимателност заради одрони на патот Велес – Градско кај манастирот „Св. Димитрија“.
Одрони се можни и низ клисурите и засеците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница.
Од вчера е пуштен Пепелишки мост на патот Неготино – с. Лакавица, но со ограничување на брзината од 30 км/час.
Продолжува регулацијата со семафори на патиштата Гостивар – Маврово и Прилеп – Градско заради нивна реконструкција. Заради градежни работи, има стеснување на автопатот Гевгелија – ГП „Богородица“. Градежни работи има и на регионалниот пат Кочани – Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.