Бомба вечерва ги вознемири жителите на Стајковци. На првиот ден од стартот на изборната кампања за локалните избори се слушна детонација во скопското село. Голем број жители на населбата се собрани на самото место, а заради паниката што се прошири во тој дел од Скопје, некои од мештаните одлучија децата да ги однесат да преноќат кај свои роднини.
Експлозијата се слушнала околу 21.00 часот на ул.18 бр.26 во двор сопственост на А.Н.. Од кеплозијата има оштетување на куќата и на ПМВ Рено со скопски регистерски ознаки. Повредени лица нема, а дополнително ќе се врши увид на лице место.
Од разговорите со соседите, се дознава дека сопственикот на куќата во која што е фрлена бомбата е симпатизер на ВМРО ДПМНЕ.
МВР засега не излегува со никаква информација околу инцидентот, а медиумите под контрола на СДСМ исто така молчат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст