| четврток, 6 декември 2018 |

Пјонгјанг: САД и објавија војна на Северна Кореја

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Џонг-хо го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека и објавил војна на неговата држава.

Тој истакна дека Северна Кореја го задржува правото да ги собори американските бомбардери. Ри Џонг-хо појасни дека ова се однесува и на ситуации кога бомбардерите не се наоѓаат во воздушниот простор на Северна Кореја.

– Светот треба да запомни дека САД први објавија војна, потенцираше севернокорејскиот министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top