-Нашите опоненти се свесни дека ако нешто не излажат или не направат некоја далавера, во Охрид, како и во најголем дел од Македонија ќе загубат на овие избори. Затоа очекувајте сега да ветуваат се и сешто. Познати се по тоа, и фала богу што се познати, ама и по неисполнувањето на ветувањата. Се што сакате да чуете ќе Ви ветат само за да го добијат Вашиот глас на следните избори, а потоа ќе има живот ама само за нив, како што е еве веќе 4 месеци низ цела Македонија. Си ги вдомија партиските кадри, шарените платеници, се изнаместија по фотелјите, станаа функционери, а најголем дел од ветувањата на народот ги заборавија. Го заборавија и народот – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој се одржува во Охрид, со кој партијата ја започна кампањата за претстојните локални избори закажани за 15 октомври.
Тој потсети на ветувањата на СДСМ, и како што кажа, неисполнувањето на ветувањата кои ги дадоа неговите политички противкандидати.
–Ветуваа дека секој млад човек штом заврши високо образование најкасно за шест месеци ќе се вработи. Сега наместо тоа, нешто мумлаат за некаква пракса на волонтерска основа, ама и од тоа нема ништо. Ветуваа 500 километри автопатишта во Македонија, а и оние кои се градеа ги запреа под разни изговори кои се невистинити, само за потоа по две години да ги прикажат како свои дела. Така е и со автопатот Охрид – Кичево кој повеќе од пола е завршен, и ќе беше целосно готов до април-мај ако не го запреа. Така е и со измамата дека сите ќе имаат 500 евра просечна плата, а еве го два месеци по ред просечната плата во Македонија според Заводот за статистика каде поставија нивни директор, се намалува рече Груевски и додаде:
-Ветуваа дека економијата ќе расте, а прометот во индустријата падна за 9 проценти, извозот падна за 12 проценти, девизните резерви се намалија за над 170 милиони долари за само триипол месеци, а еве и гувернерот објави дека годинава наместо раст на економијата, ќе имаме намалување на економијата и рецесија. Откако стапнаа во владата нов странски инвеститор не стапна во земјата, а од домашните инвеститори само еден покажа дека произвел нов автобус, за подоцна цела јавност да види дека и тоа било голема измама и дека таа фабрика одамна не работи, дека нема работници, и дека автобусот без тронка срам го донеле за овој кој ќе ни носеше живот да влезе во него со новинарите и да покаже дека животот доаѓа. Брука и срамота. Но и жалосно истовремено. Нека отидат во Ван Хол да видат што е фабрика за автобуси со над 800 вработени донесена од ВМРО –ДПМНЕ. Нека отидат и во штипска Актива која се изгради од домашен инвеститор за да биде партнер и да изработува делови за Ван Хол. Нека дојдат во ОДВ Електрик во Охрид, и во Костал во Охрид, да видат што значи да ветиш, да работиш и да исполниш ветување – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст