Агенцијата за миграција во несреќи претпоставува дека бројот на евакуирани ќе биде уште поголем, со оглед на тоа дека во опасната зона живеат околу 60.000 луѓе, пренесува “AFP”.
Речиси 50.000 луѓе го напуштиле индонезискиот остров Бали, од страв дека би можело да дојде до ерупција на вулканот Агунг, соопштиле денес безбедносните службеници.
Според зборовите на портпаролот на Агенцијата за миграција во несреќи, Сутоп Пурва Нагроха, досега биле евакуирани 48.540 жители.
Агенцијата исто така претпоставува дека бројот на евакуирани ќе биде и поголем, со оглед на тоа дека во опасната зона живеат околу 60.000 луѓе, пренесува AFP.
-Уште има луѓе, кои не сакаат да бидат евакуирани”, рекол Нугрохо и додал дека тоа првенствено е бидејќи уште не дошло до ерупција. Властите прогласиле највисок степен на предупредување поради огромното зголемување на сеизмолошките активности, ,предупредувајќи дека ерупција на популарниот туристички остров би можела да биде неизбежна.
Како што се наведува, забележано е тресење на земјата, лавата веќе почнала да излегува на површина.
Последната ерупција на вулканот Агунг се случила во 1963. година, кога загинале околу илјада луѓе.
Вулканот Агунг се наоѓа на 3.000 метри над нивото на морето во источниот дел на Бали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.