| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот на СДСМ за Охрид: Стојаноски единствено е познат по примање мито за полагање на испити

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција за Јован Стојаноски, кандидат за Охрид. Според нив, преку манипулативни изјави тој се обидува да ги излаже граѓаните на Општина Охрид дека има некаква визија и проекти за да создаде подобри можности за охриѓани.

„Стојаноски единствено е познат по примање мито за полагање на испити и неговото недолично и скандалозно однесување како на факултетот така и во јавност. Така да попусти се неговите изјави за неговата наводна чесна мисија кога тој во тоа не може да ги убеди ни членовите на СДС во Охрид, а не пак останатите охриѓани.

Тие се сеќаваат дека во време на владеење на СДС, Стојаноски како продекан за финансии трошејќи пари за скапи патувања, вечери и високи бонуси за неговите колеги беше виновникот за финансискиот колапс на Факултетот за туризам и угостителство. Тие нема да дозволат истото да се случи со нивната општина.

На охриѓани им е повеќе од  јасно дека Јован Стојаноски е ништо повеќе од обична марионета на Зоран Заев и Томислав Тунтев кои преку него сакаат да ја земат општината во свои раце и да ја уништат како  што тоа се случуваше во времето на Александар Петрески кој остави долг од над 50 милиони евра“, стои во реакцијата од оваа партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top