Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение велат дека Китев на локалните избори во 2013 година не ја доби довербата од кавадарчани и доживеа катастрофален пораз, тогаш кавадарчани кажаа што мислат за неговата понуда и работа.
-Работите кои ги нуди Бетиан Китев на кавадарчани се истите проекти што ги нудеше и неговиот шеф Зоран Заев, ветувајќи живот и промени, но за три и пол месеци од владата на СДС, ниту живот дојде, ниту пак граѓаните видоа некои промени. СДС и Заев ветуваа, СДС и Заев излажаа. СДС и Заев немаат ниту еден реален проект кој можат да го понудат за Кавадарци и за подобрување на квалитетот и стандардот на Кавадарчани, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата вела дека она што денеска Бетиан Китев го презентира ни малку не наликува на програма за водење на општина во наредниот четири годишен период.
–Бетиан ги потценува кавадарчани што се дрзнува да нуди проекти кои воопшто ниту се реални ниту издржливи. Кавадарчани нема да дозволат Бетиан Китев и Заев повторно да ги излажат и манипулираат.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на 15-ти октомври на локалните избори, кавадарчани ќе го казнат расипничкото и недомаќинско работење на СДС, Бетиан Китев и Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


