| четврток, 6 декември 2018 |

Антонија Гиговска наградена на музички фестивал во Италија (Видео)

Поп-пејачката Антонија Гиговска по 15 до 17 септември настапи на фестивалот „Златен микрофон ’17“ во Формија, Италија. На фестивалот на кој настапуваа пејачи од Италија, Романија и Антонија од Македонија, нашата пејачка го освои третото место.

Во финалето Антонија испеа песни од Џенифер Хадсон и Селин Дион.

-Жирито беше составено од 16 членови, а претседател на жирито беше актуелниот директор на фестивалот Сан Ремо. Добив одлични критики за интерпретацијата, па жал ми е што крајниот резултат не беше подобар. Но, ова беше одлично искуство за мене како уметник, но и поука дека животот не е секогаш фер, а неправдите треба да ги издржам стоички, ни изјави Антонија.

Младата пејачка деновиве ја промовираше својата нова песна „Светлина во мрак“, која е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, а се подготвува и за „Макфест“, каде што ќе настапи со песна на Кире Костов и Миодраг Врчаковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top