| четврток, 6 декември 2018 |

Анѓушев го затвора Фени, вработените ќе останат на улица?

Изминатите денови излезе информацијата дека ќе се затвора најголемиот металуршки гигант Фени Индустри заради долговите кои ги има оваа компанија. Причината за тоа се наведува дека е сегашниот вицепремиер Кочо Анѓушев и неговата фирма ЕДС која ја снабдува Фени со електрична енергија. Имено, блокирана е сметката на Фени Индустри и ако не се реагира во рок од четириесет дена по автоматизам за компанијата ќе започне постапка  за стечај.

Инаку Фени е со години најголем европски производител на фероникел и двигател  на македонската индустрија но има и голем удел во целокупната економија на држаавата. Генерално годиниве Фени произведува над 20.000 тони никел. Целото производство се извезува во Европа како Германија, Италија, Шпанија, Англија и слично. Ова компанија е  една од најголемите нето- извозници во Македонија и воедно е  дел од групацијата „Кунико“ кој има рудници и поседува комбинат за производство на фероникел во близина на Глоговац, Косово.  Фени Индустри до пред некое време работеше со полн капацитет додека  производот на оваа компанија зависи исклучиво од светските берзи на металите.  Имено, според официјалните податоци кавадаречкиот гигант лани бил најголем потрошувач на електрична енергија и тоа 790 гигават-часови или како што покажуваат статистиките тоа се цели 27% од целокупната електрична енергија тргувана во 2016 на македонскиот пазар. Според проценките Фени Индустри лани само за електрична енергија платил околу 30 милиони евра.  Фирмата на Кочо Анѓушев ЕДС е една од главните снабдувачи на електрична енергија на Фени, а како што неофицијално се дознава оваа компанија има долгови токму кон фирмите на актуелниот вицепремиер.  Исто така оваа компанија според податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност само еден странски сопственик ги поседува сите 150.000 акции додека номиналната вредност на целокупниот акционерски капитал се проценува на 7.5 милиони евра.

Комбинатот Фени  вработува индиректно 4.000 луѓе. Покрај директните вработувања од 850 луѓе оваа фирма има база на набавувачи од 1.000 компании само од Македонија. Исто така на голем дел од кавадарчани им зависи егзистенцијата од опстанокот на оваа компанија бидејќи голем дел од шпедициите кои се регистрирани во Кавадарци работат исклучиво за потребите на Фени. Со затворање на Фени се доведува во прашање и функционирањето на сестринските компании на Фени Индустри  како „ Нова Инжинеринг“, „Нова Рефактории“ и „Нова Логистика“ . Директно вработените 850 луѓе во Фени односно човечкиот капитал со кој располага оваа компанија поседува техничко технолошко знаење и базата на вработени им се состои во најголем дел од луѓето се на возраст од 30 до 50 години.  Доколку се затвори Фени Индустри овие луѓе би останале на улица. Фени во голем удел учествува во ниското ниво на невработеност во град Кавадарци. Како што има изјавено поранешниот градоначалник на град Кавадарци Александар Панов невработеноста во овој град е под 15% и има најмала стапка на невработеност во Македонија со што се појавува еден тренд на миграција на луѓе од Велес, Градско , и Прилеп во Кавадарци. Затворањето на оваа компанија би придонело за зголемување на стапката на невработеност во град Кавадарци која е нај мала во цела Македонија.

Ако се анализира каков ефект би имало затворањето на Фени секако прогнозите не се добри. Имено, Фени Индустри важи за голем учесник во индустриското производство и секако како што спомнавме погоре се вбројува  во најголемите  извозници во Македонија.

Инаку директните ефекти го мерат влијанието на производството и економските активности што индустријата ги генерира во економијата преку придонесот во БДП, учество во извозот, платите на вработените, даноците, корпоративно- општествена одговорност. Додека индиректниот импакт се однесува на мултипликативните ефекти што индустријата ги генерира преку каналите на дистрибуција(компаниите што се јавуваат како снабдувачи).

Со затворање на металуршкиот гигант Фени голема штета ќе се нанесе и на онака слабата македонска економија. Многу луѓе би останале без работа и значително би се зголемила стапката на невработеност како во Кавадарци така и во  Македонија. Голем број од фирмите кои гравитираат околу Фени посебно компаниите за превоз ќе треба да стават клуч на своите компании. При затворање на Фени ќе се намали и БДП во кое Фени и фирмите кои гравитираат околу оваа компанија  учествуваат во градење на  вкупниот БДП. Предноста на Фени  е тоа што почнува од основната суровина односно рудата за на крајот да произведе метал како финален производ односно има голема додадена вредност. Индустријата како гранка треба да се поттикнува затоа што е главниот столб и носечки сектор на македонската  економија. Ако македонскиот извоз почне да бележи намалување, со ваквиот тренд на затворање на фабрики тоа би придонело за намалување на БДП на вработеноста и нормално на платите со што би се предизвикало таканаречен верижен шок. Индустријата е главен носител на македонскиот извоз и стожер на бруто домашниот производ.

Исто така индиректните ефекти кои би ги имало затварањето на Фени Индустри се доведување во лоша позиција и снабдувачите кои ги има овој металуршки гигант. На некои од нив сериозно би им  се довел во знак прашање  опстанокот на пазарот.

Во изминативе месеци и според Државниот завод за статистика гледано по сектори прометот во индустријата во секторот рударство и вадење камен во јули 2017 година во однос на 2016 бележи опаѓање од 11.2%. Исто така како што истакнаа и економските експерти економијата бележи историски пад на БДП од 1.8% и целокупното индустриско производство од 2.2%.

Очигледно е дека погубните политики на владата на Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев доведоа до негативни трендови во економијата.  Доведувањето под знак прашалник на  опстанокот на Фени последиците не само за Кавадарчани, туку и на целокупната економија ќе бидат катастрофални.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top