| четврток, 6 декември 2018 |

Мастер-клас во чест на Пјер Лом на третиот фестивалски ден на „Браќа Манаки“

Третиот фестивалски ден на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ ќе биде отворен со програмата за деца и проекцијата на данскиот филм за деца „Мини и комарците“ во режија на Јаник Хаструп и Флеминг Мулер.

Според програмата, точно напладне ќе се одржи мастер-клас во чест на годинашниот добитник на златната „Камера 300“ за животно дело, францускиот кинематографер Пјер Лом, а во текот на денот ќе бидат емитувани и романскиот филм „Посредник“, кинескиот филм „Кинески Ван Гог“, како и филмовите што конкурираат за главните фестивалски награди односно босанско-македонската продукција на филмот „Жаба“ на Дејан Димески и Елмир Јукиќ и германскиот филм „Од ништо“ на Фатих Акин во кој кинематографер е Рајнер Клаусман.

На 38. „Браќа Манаки“ со посебна програма се слави и одбележува 90 годишнината од раѓањето на познатиот македонски филмски, театарски и телевизиски режисер Димитрие Рули Османли и во негова чест ќе биде емитуван филмот „Жед“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top