| четврток, 6 декември 2018 |

Дрзок и безобразен кандидат за градски татко: Скопје и скопјани не се лек за фрустрациите на Шилегов (ФОТО + ВИДЕО)

„На останатите кандидати не им посакувам среќа на престојните избори, бидејќи најискрено се надевам дека граѓаните ќе одлучат да направат промена и она што му се случуваше на Скопје и на останатите општини повеќе никогаш нема да се повтори“, изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, на потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори.
Тој порача дека основен белег на демократијата во Македонија се изборите и дека тој како кандидат од владеjачката партија ветува дека Македонија ќе има фер и демократски избори.

На изјавата на Шилегов реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес Петре Шилегов освен тоа што се знае дека нема никаков морален кредибилитет, покажа дека има исклучително лоша смисла за хумор и ниско ниво на култура. Шилегов треба да знае дека она што навистина ќе се промени за брзо време е оваа неспособна и корумпирана влада предводена од СДС и Зоран Заев“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Колку од ова граѓаните ќе му земат здраво за готово ќе покаже изборниот резултат на 15 октомври. Она што никако не смее да се превиди и заборави е дека овој дрзок и безобразен човек се кандидира за градоначалник, кој ќе треба да им ги решава проблемите на обичните граѓани: образовани, необразовани, млади, стари, сите скопјани. Со оваа ароганција овој човек ќе треба да застане зад нив при временски непогоди, кога се нервозни, кога изгубиле се, како што изгубија жителите на скопските села и населби во поплавите минатата година. Човекот кој нема почит кон политичките противници, уште повеќе, кон кандидатите од својата партија, ја бара поддршката од граѓаните за утре да ги понижува и навредува од позиција на градски татко.

Граѓаните тоа не смеат и нема да го дозволат. Скопје и скопјани нема да бидат лек за неговите фрустрации.

Некои медиуми објавија дека ден пред потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори Шилегов ја минал ноќта во казино со разуздано друштво, па несреќната дрска изјава била резултат на долгата ноќ. Шилегов влегува во битка за четиригодишен мандат. Замислешете само колку долги ноќи има во четири години и што се може да се очекува од човек кој вака се однесува уште пред почетокот на изборната кампања.

Шилегов е палјачо на македонската политичка сцена. Колку и да станале дел од фолклорот, неговите алкохолизирани испади се недозволиви за политичар кој е потпретседател на партија, бил носител на тратеничка листа, кандидат е за градоначалник на главниот град.

„А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!“: Шилегов со отворени закани до Илија Димовски

Шилегов не го почитува ниту Собранието ниту пак неговите институции. Во една слична состојба како вчерашната Шилегов им се обрати на пратениците со „Пи*ки, шта има?“, а му се закануваше на Илија Димовски со зборовите „А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!“.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top