| четврток, 6 декември 2018 |

Месецот на раѓање открива какви сте во кревет

Месецот на раѓање може многу да открие за вас или за вашиот партнер во врска со сексуалниот живот. Проверете:

Јануари

Луѓето родени во јануари се поконзервативни кога станува збор за делење на постелата со некој друг. Но, кога тој некој им се допаѓа, тие прават сé за да успее врската, вклучително и сé што треба да се прави во спалната соба. Родените во овој месец знаат да бидат меѓу „најнастраните“ учесници во сексуалната игра, иако тоа никогаш не би ви паднало на ум кога прв пат ќе ги видите.

Февруари

Родените во февруари се авантуристи. Поседуваат многу страст, но за да бидете со нив потребен е голем труд. Февруарџиите се фокусирани на повеќе цели одеднаш и секогаш ја гледаат пошироката слика. Исклучително е тешко со нив емотивно да се поврзете, но не и невозможно.

Март

Родените во март обожаваат своето време да го посветуваат на секс. Тоа за нив е прекрасна активност што вклучува целосно оддавање на партнерот, па често го креваат до ниво на спиритуалност.

Април

Родените во април важат за независни личности, но кога ќе остварат врска со некого, вложуваат сè што имаат. Сексот со луѓето родени во април е возбудлив, интензивен и жежок, но кога е готов, тогаш навистина е готов. Нивната страст е голема, но од друга страна брзо согорува и многу често знаат за кратко време да се заситат од луѓето.

Мај

Родените во мај сакаат префинет, удобен и сензуален секс. Со други зборови, сакаат да уживаат во самиот чин. Тоа значи: или сатенски прекривки во убаво украсена соба или нема секс.

Јуни

Тие сакаат да ја пробаат секоја можна поза во спалната соба и детално да истражат сé за сексот. Доколку барате некого за да ви раскажува „валкани“ приказни, тогаш барајте некој роден во јуни. Ако имате секс по телефон, можно е да ги освоите засекогаш.

Јули

Сексот со родените во месец јули има длабока емотивна компонента. Предуслов е да се чувствуваат безбедно крај вас, а кога тоа ќе се случи, ќе направат сè за да го задоволат партнерот. Сакаат да ги негуваат и исполнуваат потребите на лицата што ги сакаат.

Август

Августџиите се или исклучително великодушни или крајно себични. Партнерот мора да има сè што бараат или ќе веднаш ќе го остават и ќе најдат друг. Воопшто не сакаат кога некој им диктира што да прават во креветот и имаат прилично кршливо его.

Септември

Тоа се всушност многу страствени души, но секогаш ги контролираат своите емоции. Кога станува збор за сексот, потребно им е многу време за да почнат да уживаат. Од друга страна, штом се опуштат и надојдат емоциите, тие се подготвени на сè.

Октомври

Родените во октомври го сфаќаат сексот како сликање на романтично уметничко дело. Тие веднаш ќе ви кажат како нештата ќе се одвиваат и како ќе се чувствувате. Потоа ќе се потрудат нештата да се одвиваат бавно за целокупното искуство да може да трае колку што е можно подолго. За нив, исклучително голем дел од сексуалната игра претставува и самиот чин на додворување. Можеби понекогаш им недостига страст, но тоа го надополнуваат со романтични гестови, кои обично водат до совршен секс.

Ноември

До поимот „страсен секс“ стои нивната слика. Тие најдобро го знаат значењето. Сакаат да го поседуваат партнерот, но сакаат и партнерот да ги поседува нив. Ќе пробаат сè, иако често од единствена причина за да можат да речат дека тоа го пробале.

Дeкември

Колку што се големи креативци во животот, толку се и во сексот. Сакаат сé да е проткаено со приказна, а тие да играат разни улоги. Некогаш се многу тешко за да можете емотивно да се поврзете со нив, но кога е во прашање сексот, со нив секогаш е забавен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top