| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: На граѓаните да им ги претставиме нашите проекти кои ќе придонесат за подобрување на условите

-Потпишување на кодексот за фер и демократски избори во Државната изборна комисија. Ги повикувам сите учесници на фер и демократски извори. На граѓаните да им ги претставиме нашите проекти и програми кои ќе придонесат за подобрување на условите. На власта сакам да и порачам, судејќи според досега покажаното, ќе треба многу да се потруди за да имаме фер и демократски избори, пишува на Фејсбук aктуелниот и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски кој денеска во просториите на Државната изборна комисија го потпиша Кодексот за фер и демократски избори пред почетокот на изборната кампања, која стартува утре, за локалните избори 2017 година.

Неговиот противкандидат Петре Шилегов изјави дека на останатите кандидати не им посакува среќа на престојните избори, бидејќи се надевал на промени. Тој порача дека основен белег на демократијата во Македонија се изборите и дека тој како кандидат од владеачката партија ветува дека Македонија ќе има фер и демократски избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top