| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил излета од пат – едно лице тешко повредено

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка што се случила ноќеска во 23:20 часот на регионалниот пат Свети Николе – Пробиштип во близина на село Немањици.

Министерството за внатрешни работи во ребовниот билтен информира дека Н.С.(45) од Штип управувајќи патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со струмички регистерски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот по што се превртел. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(34) од Штип кој е задржан во штипскиот Медицински центар на понатамошно лекување.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициска станица Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top