| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со закон за амнестија сака да го легализира криминалот

СДС со законот за амнестија сака да го легализира криминалот во Македонија, велта од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со овој закон СДС сака да ги амнестира лицата кои се обвинети за убиство и тешки дела. Ваквиот чекор е доказ дека СДС и Заев воопшто не водат грижа за безбедноста на граѓаните туку пред се ги ставаат нивните лични и партиски интереси, истакнаа од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев е во паника поради претстојните локални избори. Заев со законот за амнестија создава криминална коалиција со која ќе се задоволи подземјето, се со цел корумпирање на гласови во пресрет на изборите.

-Ова е изборна корупција и дерогирање на правната држава која ја киднапира СДС. Овој закон ќе ја продлабочи кризата и хаосот што го создадоа СДС и Заев во Македонија, а пак животот на граѓаните сериозно ќе го доведе во опасност.  Граѓаните ќе и застанат на пат на оваа криминална влада на Заев. Граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври ќе го казнат СДС, потенцираа од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top