| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Лил: Евакуирани 200 луѓе поради пронајдени боци со гас

Речиси 200 жители на предградието Лил, во северна Франција, биле евакуирани откако биле откриени пет шишиња со гас во еден автомобил, соопшти полицијата и ја отфрли можноста дека се работи за терористички акт.

„Голема е веројатноста да станува збор за потполно неопасна работа“, прецизираше извор од полицијата.

Паниката околу 22:30 часот синоќа по локално време ја кренал еден жител, откако ги пронашол овие боци.

На терен веднаш излегла полицијата за да утврди а што точно станува збор.

Сепак, според првичните сознанија најверојатно не се работи за обид за напад и локалното население нема потреба од грижа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top