| четврток, 6 декември 2018 |

Кајли Џенер e бремена

Кајли Џенер (20) го очекува своето прво дете со раперот Тревис Скот. Според гласините кои кружат во најблиските кругови на семејството, најмалата сестра од Кардашијан кланот им ја соопштила убавата вест на пријателите на почетокот од месецов.

Кајли и Скот се во врска само 5 месеци, но според интерни извори, Џенер забременила само по еден месец откако се запознале.

-Таа е пресреќна. Ова е непредвидлив и чудесен пресврт на настаните, велат блиските до Кајли. Таа и Скот започнаа да се гледаат во април, веднаш по нејзиното раскинување со претходното момче, Тајга.

За кратко време станаа неразделни, па дури и си направија идентични тетоважи од пеперутки на зглобовите.

Кајли во последниов период се воздржуваше од објавување на провокативни фотографии на социјалните мрежи, а во меѓувреме во јавноста се појавува во широка облека.

Интересно околу целата бременост на Кајли е тоа што веднаш штом веста беше објавена во медиумите, Тајга на својот Snapchat напиша, па потоа избриша дека детето во суштина е негово. Знаејќи го семејството Кардашијан можеби допрва следува нов скандал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top