По апсењето на Зоран Марјановиќ, кој засега е единствен осомничен за убиството на сопругата Јелена на 2. април минатата година во Борча, полицијата интензивно истражува дали во злосторството се вмешани повеќе лица.
Според наводите на полицијата, од извори блиски до истрагата, таткото на Зоран, Владимир, е предмет на истрага зошто се верува дека има врска со злосторството.
Посебно е сомнителна неговата претерана грижа за синот, а постојат и бројни индиции дека токму тој му помогнала на Зоран, да го „измами“ полиграфското тестирање.
Според извори од истрагата, постојат сомневања дека токму Владимир, кога неговиот син првпат е уапсен, го „контролирал“ синот и истрагата. Исто така постојат индиции дека пред неколку дена, кога полицијата повторно чукнала на вратата на куќата на Марјановиќ, во Борча, Владимир бил тој што брзо реагира.
-Пред Зоран да биде одведен во полиција, сомневајќи се дека пак ќе оди на полиграф, Владимир успеал кришум во уста да му стави таблета за смирување, како што направил и на претходните тестирања, пишува српски Курир и според нивниот извор така планира да го смири синот и да му помогне пак да ја измами машината. Но овој пат Зоран не влегол на полиграфско испитување, туку директно кај обвинител:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст