| четврток, 6 декември 2018 |

Слободен пад на економијата: За три и пол месеци затворени 100 домашни бизниси, 480 лица отпуштени

stock market concept and background

Безмалку сто милиони евра помалку директни стански инвестиции имало во Македонија во првото полугодие, споредено со истиот период лани, информираат од НБРМ.

Според податоците на Народната банка на Република Македонија, но и од односот што јавно се гледа, работите одат во лоша насока, ќе продолжи трендот на намалување на странските инвестиции, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за овие податоци.

Можеби еден период државата ќе се вади на тоа што претходниот период се започнати градби, се започнати отворање на нови капацитети и можеби во првите шест месеци до една година, тоа нема до толку да се почувствува. Меѓутоа како времето ќе одминува со оваа политика која ја води владата ќе се гледа дека се помалку има нови странски инвеститори и тоа ќе значи намалување на трендот на намалување на невработеноста. Тој тренд ќе го почувствуваат најмногу невработените, а ќе го почувствуваат и вработените затоа што нема да постои притисок за зголемување на нивните плати, бидејќи единствениот начин да се зголемуваат платите е кога има притисок со нови вработувања и кога новите компании бараат да преземат вработени од постоечките компании. Тоа се помалку ќе го има, рече Груевски неодамна.

Бевме први по големината на растот на нашата економија, сега сме први по големината на падот

Странски инвеститори ја напуштаат земјава заради игнорантскиот однос на новата Влада, неколку илјади граѓани ќе останат без работа, градежништвото застана и работниците наместо на терен седат дома, индустријата опаѓа. Ова е резултатот од првите три месеци работа на владата на Зоран Заев.

Уште три нови фабрики, странски инвестиции со околу 1000 вработени, од вчера се пред одлука за нивно затворање. Тоа значи и одлука 1000 лица да останат без средства за егзистенција.
Поради отворениот прогон што го врши Владата на странските инвеститори, дел од нив планираат да ја напуштат Македонија и својот капитал да го пренасочат во други држави кои имаат одговорни влади. Затоа сѐ уште не се знае конечниот број лица кои ќе останат без работа. Нивниот број е секако многу поголем, а се стравува дека може да достигне и 20.000.

Бркањето странски инвеститори ги богати тајкуните на СДС и ќе ја намали просечната плата: Три фабрики ставаат клуч на врата, 1000 работиници остануваат на улица

Две странски компании веќе се пред официјално ставање на клуч на вратите. Имаат вработено 2000 лица. Сите од нив ќе останат на улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top