| четврток, 6 декември 2018 |

Кој му вперил пиштол на Митко Јанчев: СДСМ договара насилство за локалните избори во Арачиново!?

Партиската полиција на СДСМ која зазема позции во неуниформираната единица „Алфа“, под водство на Примислав Димовски, кој на чело на единицата беше поставен уште во времето на техничкото министерување на Спасовски, започна со „подготовки за локалните избори“, пренесува Инфомакс статус на С.Г., вработен во единицата „Алфа“.

С.Г. го опишал својот состанок со претседателот на ОО на СДСМ во Арачиново, Агрон Хали, кого медиумите го поврзуваа со трговија на дрога, и тоа во работно време. С.Г. и Агрон Хали се во друштво на полицаецот Г.А., а на масата има службената врска, која полицајците ја носат со себе само во текот на работното време.

Партиски состаноци во текот на работното време имал и М.И., исто така вработен во единицата „Алфа“. И тој заедно со претседателот на СДСМ во Арачиново договарал „стратегија“ за локалните избори.

Сето ова ги потврдува сомнежите дека СДС, со помош на партиската полиција подготвува изборно насилство, исплашени од рејтинзите кои покажуваат сигурен пораз на СДС и убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Дека тоа е така, потврдува и вчерашниот инцидент, во кој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник беше неосновано претресуван, и од страна на единицата „Алфа“ му беше вперен пиштол во главата. Инфомакс дознава од добро упатени извори дека наредбата за ваквата тортура врз Митко Јанчев, инаку кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци била наредена токму од командирот на единицата „Алфа“ Примислав Димовски, под образложение дека постоело сомнение за нелегално поседување на оружје.

СДСМ ја киднапира државата: Полицијата на Заев и Спасовски изврши вооружен претрес на кандидатот за градоначалник на Кавадарци

Секако, Јанчев немал оружје во себе, а ваквото образложение е само оправдување за тортурата која СДС ја врши врз својот политички опоненет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top