На Владата на Зоран Заев не ѝ се скапи лешниците и морските плодови од вкупно 85.000 евра со кои се гоштава министерката за одбрана, потпретседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, но затоа ѝ е луксуз третиот оброк на студентите кои ги користат услугите на мензите во студентските домови.
Лешниците ѝ отворија апетит на Шекеринска: Одбрана набавува морски плодови за 80.000 евра
„Планот за живот во Македонија“ со кој Заев ветуваше се и сешто пред изборите, по првите 100 дена откако е на власт, повеќе личи на план за богатење на неговиот потесен круг и масовно вработување на „шарените“. Раководството на СДСМ јавно ветуваше дека ќе ги врателе младите во Македонија, но тоа не само што се уште не селучи, туку и на оние кои тука се образуваат во својата татковина им ускратија една работа на која сметаа изминативе години.
Па така, отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.
Владата на СДСМ ќе штеди на студентите и младите: Им скратија оброк за повеќе пари во буџетот
Дали директорот на Државниот студентски центар под чија надлежност се овие три домови, индивидуално оценил дека студентите немаат потреба од појадок, или пак, одлуката е изнудена поради кратењето на цели 1,5 милијарди денари од буџетот за образование, останува нејасно, бидејќи раководството на домот не одговори на нашите повици.
Во меѓувреме, студентите секојдневно го изразуваат своето незадоволство, особено на на социјалните мрежи. Неодамна се побунија и поради појавата на инсекти во храната која им се служи.
Околу 3000 студенти кои престојуваат во студентските домови ќе организираат протести доколку управата не ја промени одлуката да добиваат по три дневни оброци и доколку не се преземе ништо за подобрување на квалитетот на храната.
Студентите со кои разговаравме сметаат дека се изманипулирани од кадрите на СДСМ, како Стефан Богоев, Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ кои кон крајот на минатата година беа чести посетители во студентските мензи и кафулиња, ветувајќи драстични промени на стандардот по доаѓањето на власт.
Велат, животот кој им беше ветуван, најверојатно е живот во странство, не во Македонија.
Останува нејасно за идните академски граѓани кои решиле да ги користат услугите на студентските домови дали на некој друг начин ќе се надоместува укинатиот појадок или ќе треба да го плаќаат од сопствениот џеб. Ова е само дел од низата мерки кој се укинаа во образовниот систем по формирањето на новата Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст