| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќеска апсење на аеродромот во Скопје

Утринава во 00 часот и 15 минути на Аеродром „Александар Велики“-Скопје, на влез во Македонијасо авион од Франција како вратен патник допатувал 61- годишниот Б.Р од Косово, со косовска патна исправа.
По извршена проверка констатирано е дека од француските власти одбиен му е влез поради фалсификувана-преправана виза или дозвола за престој, по што со истиот лет е вратен во Република Македонија.
Истиот е приведен и во 02 часот и 15 минути со потврда за предавање на лице е предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top