| четврток, 6 декември 2018 |

Мажот на убиената пејачка имал две жени

Катарина Остојиќ, детективка од Белград, која самоиницијативно водела истрага за убиството на Јелена Марјановиќ, открива за српски Ало дека Зоран Марјановиќ пред трагичниот настан имал две жени и дека неговата девојка Зорица Зока Митровиќ наводно е подготвена да убие за него!
– Зока го менувала изгледот само за да личи на покојната Јелена! Причина? Мислам дека Зока знае се, со оглед на тоа дека е во сосотојба да убие за Зоран! Ладна е и не ја жали Јелена. Нејзината ќерка еднаш се излета и тоа беше страшно. И рече на мајка и дека таа ги сака сите од семејството Марјановиќ и тие неа. Никогаш нема да заборавам како ја пресече малата со поглед. Тогаш дететето го фати еден вид хистерија, па почна да фрла работи. Жал ми е за децата. Нејзиниот поранешен сопруг е од Чачак. Со него има ќерка. Синот не знам чиј е, но го има погледот на Зоран, сведочи Катарина за средбите со Зорица Митровиќ.
Ова можеби ја поткрепува теоријата дека и Зорица е вмешана во убиството на Јелена, глумејќи ја Јелена како трча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top