Пред нас се локалните избори. Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија. Ние предупредувавме многупати досега за доста предизвици со кои може да се соочиме, но се уште има време за акција. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува за судбината на твоето место, на твојата општина и на твојата земја, рече Груевски во завршниот збор од излагањето на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во преполната сала на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
–Еден ден многумина од вас ќе се прашуваат дали го направивте вистинскиот избор. Дали ги искористиле сите можности кои им беа дадени. Сите ние заедно имаме иста мисија. Низ вашите животи ќе се соочите со доста работи кои реално нема да ви изгледаат фер кон вас. Ќе сфатите дека некогаш ви се случуваат работи кои воопшто не сте ги заслужиле, и кои не секогаш ви се гарантирани. Но мора да ја навалите главата, да се фокусирате на проблемите, да земете длабоко воздух и да почнете и продолжите силно да се борите! Никогаш, никогаш не се откажувајте! Никогаш никогаш не се откажувајте од вашата верба, од вашата идеја затоа што таа е вистинската, таа е чиста и чесна. Никогаш не се предавајте, никогаш не се повлекувајте и никогаш, никогаш немојте да престанувате да го правите тоа што мислите дека е најправилно за вашата држава.
Ништо за што е важно да се живее не може да дојде лесно. И колку поправедна е вашата битка, со колку поголема опозиција и противници ќе се соочите, во вашите срца ќе ги имате запечатено вредностите на посветеност, достоинство и жртва. Груевски повика дека сега е моментот кога треба да истапиме сите заедно пред светот и да ги претвориме нашите надежи и соништа во работа. Македонија, колку и некој да сака да не е така, е земја на вистински верувачи.
–Македонија, колку некој и да не сака да е така, е земја на вистинскиварувачи. Затоа што уште од дамнешни времиња нашите луѓе на овие простори верувале, кога го пишувале Крушевскиот манифест, верувале, кога чекореле по шумите во светските војни верувале, кога ја прогласувале независноста, верувале. Ајде сите заедно да ја создадеме приказната за Македонија, новата ера на совладливи предизвици, на длабока верба, големи соништа и достоинствени почетоци.
Идната генерација на македонски граѓани никогаш не смее да се откажува.
Ќе има времиња од нашите животи кога ќе сакаме да се откажеме, кога вие, нашиот народ и сите ние ќе си речеме попусти се нашите желби и соништа, залуден е нашиот труд.
Но не… ова не се тие времиња…. Никогаш не се откажува, никогаш не се откажувај од тоа во што верувате и од луѓето кои се со вас.
Кренете ја главата гордо и верувајте во најдоброто од себе.
Колку повеќе луѓе ќе ви велат дека нешто е невозможно, толку поодлучни треба да бидете да им докажете дека не се во право.
Колку и да се обидува овој новосоздаден скршен систем да ти кажува дека не можеш, толку повеќе треба да туркаш напред.
Денеска секој од вас, секој од нас, започнува ново поглавје.
Нашите визија и сон тргнуваат од овде, од секој од вас.
Од вашата упорност и посветеност заеднички да ја изградиме Македонија во подобро место за живеење, да создаваме дела и да помагаме.
И нашиот успех зависи само од нас. Од нашата храброст и одлучност да го создадеме нашиот сон без разлика што разни циници или хипокрити ќе кажуваат.
Имајте ја самодовербата да говорите гласно за вашите соништа и за нашата заедничка визија.
Вечерва ниту еднаш не ги споменав нашите политички опоненти од една едноставна причина, рече Груевски. Народот од нас очекува да решаваме проблеми, да создаваме дела да шириме позитивна енергија, народот се потпира на нас, и нема простор за непотребна зајадливост, едноставно не ја заслужуваат нашите противници на овој значаен ден. Позитивна порака – Гордо одиме напред нека ечи од секој од нас, повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
–На нивната омраза ние ќе одговориме со добрина, на нивниот неуспех, ние одговараме со новата ера, тоа е иднината на Македонија.
Тоа е иднината на нашата зедничка Македонија!
Да живее Република Макдонија!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст