| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски: Идниот заменик градоначалник на Град Скопје ќе биде Мухамед Амети

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски денеска на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Салата „Борис Трајковски“ го претстави својот заменик градоначалник.

-Градоначалникот на Градот Скопје избира свој заменик градоначалник од редот на советничката листа. Би сакал тука пред вас да го претставам идниот заменик градоначалник на Градот Скопје, професорот Мухамет Амети. Со кој верувам успешно ќе работиме за поубаво Скопје и останатите 44 советници од Градската советничка листа и сите градоначалници ширум Република Македонија ќе се посветиме на проекти за општините во Република Македонија за да направиме уште помодерни локални самоуправи и ќе реализираме проекти со кои ќе се подобри климата во повеќе области, во туризмот, во сообраќајот, во образованието, во социјалата и дека ќе им служиме на граѓаните на Република Македонија за нивна подобра иднина, изјави Трајановски.

Тој во говорот ги поздрави советниците на Советите и потсети дека граѓаните треба да го дадат својот глас и за нив.

-Сите ние заедно, сите ние, идните градоначалници кои стоиме тука пред вас ја бараме вашата доверба во првиот круг за градоначалници и советници во Советите. На 15 октомври да славиме победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Ова се кандидатите за градоначалници со кои почнува новата ера во сите градови и села ширум Република Македонија. Тука сум застанат како претставник на сите мои сегашни и идни градоначалници од цела Република Македонија пред сите овие вредни луѓе, за кои сум убеден дека ќе ги засукаат ракавите после победата и посветено и амбициозно ќе се потрудат да ги направат општините и градовите, подобро место за живеење на жителите и граѓаните на Република Македонија, посочи Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top