| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Македонија која ќе освојува медали на европските и светски првенства и олимпијадите

Македонија која ќе освојува медали на европските и светски првенства и олимпијадите е нашата цел – нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на партиската конвенција што вечерва се оддржува со спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Тој додаде дека по инвестициите во спортската инфраструктура нивен следен приоритет е инвестиција и подобрување на статусот и можностите на спортските работници, нивна континуирана едукација, затоа што тие се клучни за развој и на масовниот и на врвниот спорт.

-Добро стимулирани и високо мотивирани спортски тренери, спортски работници и наставници може правилно да ги детектираат потенцијалите на поединецот и да го трасираат патот на иден освојувач на медали на големите натпреварувања од Македонија. Посебна стимулација на врвните спортисти и обезбедување на модерни услови за тренажен и подготвителен процес ќе се реализира преку посебни програми, со силна поддршка на државата – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top