| четврток, 6 декември 2018 |

Новата ера е ера на екологија

Новата ера е ЕРА НА ЕКОЛОГИЈА. Затоа велиме – Зеленило. Зеленило. Зеленило. Македонија мора да стане еколошка земја. Потребно е да се промовира концепцијата на индустрија која оди заедно со управувањето на отпад. И силни и обемни инвестиции во модерни и еколошко коректни енергенси, и за државата и за семејствата кои ќе добиваат државна поддршка за еколошко однесување. Државата заедно со науката мора да соработуваат поинтензивно на овој план и да преземаат најразлични, современи и најнови технолошки решенија за постигнување на овие цели – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашната конвенција на партијата.

Тој смета дека треба да се продолжи и засили свртувањето кон алтернативни извори на енергија, како што се сонце, ветер и вода, вклучувајќи ги и термалните извори.

-Греењето на дрва, нафта и слични штетни за здравјето енергенси, кои во моментот се најголемиот загадувач на воздухот во Македонија со околу 70 отсто од севкупното загадување, мора во најголем дел да се заменат со централно или индивидуално греење на природен гас, пелети или други форми на еколошко чисто загревање на домовите и индустриските капацитети. Мора да има постојано инвестиции во ширење на мрежата на централно греење во градовите. Македонија ќе добие нови две до три гасни електрани. Тоа се нашите планови во овој дел за наредната декада – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top