| четврток, 6 декември 2018 |

Реформиран систем е визијата на ВМРО-ДПМНЕ за подобро здравство

Визијата на ВМРО-ДПМНЕ за здравството е подобро, квалитетно, регулирано, функционално и делотворно здравство.

-Потребен е реформиран систем кој во центарот на вниманието ќе го стави пациентот, и истовремено ќе ја исктакне значајноста на докторот лекарскиот персонал и почитта кон нив. Здравствената реформа е работа на стручно знаење, сериозна здравствена политика, истражување за најдобрите светски практики, и вклученост на голем број политички актери, експерти, здравствени работници и граѓани во процесот на имплементацијата. Заработката на лекарите и медицинскиот персонал мора да е поголема и поттикнувачка. Нивниот континуиран тренинг и обука во најнапредните клиники низ светот мора да продолжи и да се зајакне. Набавката на опрема, исто така. Хоспиталната култура мора да се издигне, ги издвои Груевски приоритетите за напредок на здравствениот систем Македонија во обраќањето на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top