| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделските субвенции мора да растат

-Земјоделските субвенции мора да растат и да ги задоволуваат потребите на поддршка, стимулација и конкурентност, социјалната компонента и подобрување на стандардот на земјоделецот  – потенцираше Никола Груевски на денешната партиска конвенција на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него средствата за инвестирање во руралниот развој од централната власт и општините мора секоја година да растат.

-Македонија е земја на земјоделците. Секој кој сака да работи земјоделие треба да добие земја за работа. Секој кој сака да го шири своето земјоделско стопанство треба со право да очекува државна помош и поддршка – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top