Град за сите луѓе – одржливи и зелени градови! Тоа е нашата цел! Градот има потреба од постојано хумано модернизирање и оддржлив развој во баланс со неговата континуирана индустријализација. Градот треба да ја акцентира својата димензија како извор на култура на живеење, традиција и идентитет на граѓанинот, како и функционалност и брзина при движење и транспорт – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашната партиска конвенција што се оддржа вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Тој додаде:
-Ние сакаме да имаме интелигентни градови (smart cities) во Македонија. Информациската и комуникациската технологија се користи поефикасно и поевтино да се управува со градот и поедноставно да се управува сообраќајот, потрошувачката на вода и електрична енергија. Градовите во Македонија мора да станат технолошки понапредни, позелени и отворени за новитети.
Градот не може без селото и селото не може без градот, рече Груевски, потенцирајки дека со добра патна и друга инфруструктура, со напредна информациска и комуникациска технологија селата и градовите во Македонија треба да станат силно поврзани и да сочинуваат силна мрежа на меѓузависност.
-Употребата на информатички системи во подобро земјоделие, во предвидување на климатските фактори, со утврдување на пазарите и можноста за пласман, со интеренетизација на селата силно ќе се подобри квалитетот на животот. Репопулација на селото е една од целите. Стимулации за егзистенција на село, обезбедување на можности, поддршка на останување во родното место или враќање во него се категории, се цели кои ќе го имаат нашето специјално внимание – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.