Визии кои се поткрепени со конкретни планови, и со кои, по повторното враќање на чело на државната управа Македонија ќе чекори силно напред, економски развиена, со задоволни и среќни граѓани и семејства. Груевски им се обрати на присутните во салта во спортскиот центар „Борис Трајковски“ дека можат да му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ, зашто единствено ВМРО-ДПМНЕ може да го оствари тоа.
–Ние сме тие кои ги исполнуваат ветувањата, и ние имаме кадар и знаење а и енергија тоа да го направиме.
Првата визија е работа за сите.
–Државата треба да обезбеди можности за работа за секој кој сака да работи! Намалувањето на невработеноста е најуспешниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ! Во периодот додека управуваме со земјата невработеноста значително се намали од 38,7% во 2005 година, на 22,6% во 2017 година. Во овој период креирани се околу 173.000 нови работни места! Нашата визија и нашата цел за наредните 10 години е да ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 10%, односно да отвориме нови намалку 150 илјади работни места во период од една декада. Ако успеавме да ја намалиме стапката на невработеност во услови на неколку годишна светска финансиска и европска должничка криза, неколкугодишна длабока домашна политичка криза, во стабилно опкружување можеме и имаме кредибилитет и резултати да ветиме дека ќе успееме во нашата нова цел, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


