Ние зборуваме за управување, а не за владеење. Современото управување вклучува владеење на правото; ефикасно управување на јавниот сектор; независно судство, партиципација и континуирана демократизацијата; децентрализација; транспарентност и ширк фронт во борбата против корпуцијата – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашната конвенција на партијата.
Тој потсети дека современото управување подразбира постојано менаџирање во сите сфери на живот и работа кои се од витално значење за граѓаните и одредување на ризици,особено во економијата.
-Законите кои се носат треба да се прифатени и да им служат на оние на кои се однесуваат. Јавниот интерес како општа, заедничка вредност подразбира рамноправно учество на научната јавност, стручната јавност, културната јавност, политичката јавност. Јавното промислување се одвива, пред сè, во медиумите, но тој го покрива целиот јавен простор во кој се одредуваат темите на дебатите, начините на водење дебати и формите на аргументација. Ќе покажеме поголема речиси неограничена ширина во процесот на носењето на законите. Општествената група или групација на која се однесува законот мора и ќе биде задолжително консултирана во поширок временски интервал. Ненаметливоста и инклузивноста, најдобрите практики и највисоките меѓународни стандарди ќе бидат главни карактеристики на легислативниот процес – рече Груевски.
Тој додаде:
Од сето ова што претходно го наведов произлегува односот спрема домот, семејството, спрема имотот и сопственоста, спрема соседот, спрема локалното, спрема околината, спрема татковината. Но и одговорност спрема просторот во кој живееш, работиш, учиш, и се дружиш. А тоа бара почит спрема другите која е поставена токму врз овие релации. Државата треба секој да ја чувствува како свој дом. И тоа чувство треба да се протега на целото општество. И улицата по која одиш на работа или училиште е дел од тој дом. И езерата и планинските врвови. И знамето на државата, грбот на државата и химната на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


