„Нова ера“ на нашата нова понуда, нашите нови проекти, новата визија со која што од град во град, од село во село ќе одиме во наредниот период во целокупната кампања, презентирајќи ги нашите нови визии, нашите нови размислувања, а со тоа да овозможиме нова ера на секое населено место во Република Македонија. А од друга страна на тој начин да ја понудиме целокупната визија.
Ова денеска го изјави претседателот на Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски во гостувањето на вестите на телевизијата Сител во пресрет на вечерашната конвенција на партијата која ќе се почне во 20:00 часот.
На оваа конвенција ќе се обрати и претседателот на партијата, Никола Груевски.
Тој вчера преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека денеска партијата ќе ја презентира новата визија на ВМРО-ДПМНЕ.
-Утре во 20 часот во спортскиот центар Борис Трајковски, ќе ја презентираме нашата визија, новата ера за Македонија! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за граѓаните. Имаме одлични програми, читајте ги внимателно и направете ја разликата!, напиша Груевски вчера на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


