Владејачката СДСМ во паника и страв од големиот интерес за Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која вечерва ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на најниски можни начини се обидува да ги спречи огромниот број заинтересирани граѓани вечерва да допатуваат во Скопје.
Според информации на Курир полицијата под палка на министерот Оливер Спасовски, во Прилеп и во повеќе други градови ги запирала автобусите полни со симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и ги праќала на технички преглед, со цел истите да не стигнат на најавената конвенција од опозициската партија.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фејсбук профил вчера соопшти дека партијата денеска ќе ја презентира новата визија, новата ера за Македонија.
„Во 20 часот во спортскиот центар Борис Трајковски, ќе ја презентираме нашата визија, новата ера за Македонија! Почнува ново утро, доаѓаат нови победи! Подобри денови за граѓаните. Имаме одлични програми, читајте ги внимателно и направете ја разликата!“, напиша Груевски.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека собирот ќе биде еден вид интерна конвенција на која на членството ќе му бидат претставени кандидатите за градоналници, но не е предвидено нивно обраќање.
Информациите велат дека заинтересираноста на членовите и симпатизерите да се присуства на Конвенцијата е огромно, па токму поради тоа СДСМ се служи со вакви ниски обиди да спречи што е можно повеќе лица да допатуваат на истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


