Извршителите тропнале на вратите на кавадаречкиот комбинат за никел Фени Индустри,објави Канал 77, причина се долгови за струја и кредити кон банките. Извори за Канал 77 велат дека производниот процес бил сведен на минимум, а 830- те вработени се во неизвесност. Вработени во фабриката, со страв раскажуваат за состојбите таму ,посочија на недомаќинско работење, огромни долгови, намалени плати и бркање од работа без правила.
Неколку дена во компанијата имало извршители, а од вторникот производниот процес бил сведен на минимум, што кај работниците дополнително го зголемува стравот од најлошото. За состојбите во фабриката сеуште нема став од раководството на Фени. Сепак платите на работниците се исплаќале редовно и немало отпуштања.
Извршителот Ангел Костадиновски за 77 ја потврдил информацијата дека попишал дел од опремата на компанијата поради долгови за да не може да се продава, а по него истото го направиле и други двајца извршители.
Инаку, деновиве раководството на кавадаречкиот комбинат од Владата побарало еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација на руда на локалитетот Ржаново.
Доколку Фени ја доживее судбината од пред неполни две децении тогаш кавадарчани ќе имаат сериозен проблем,зашто тоа е град втор во земјава по економски раст , каде никелот и грозјето се главните извори на егзистенција.
Минатиот месец Фени заедно со Титан Цементарница Усје побараа од државата да увезуваат нафтен кокс без да плаќаат акцизни давачки. Акцизата беше воведена пред скоро три години се’ со цел за намалување на загадувањето на животната средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


