Ферус Мустафов за Република потврди дека тој и неговото семејство се добри по несреќата. Причина како што посочи, била издишана гума, заради што изгубил контрола над неговиот џип Мерцедес.
-Двапати се превртевме на патот. Но, добро сме, фала на прашање, никој не е повреден, ни рече познатиот саксофонист во телефонски разговор.
Тој и неговото семејство се превртеа на патот од Скопје кон Штип.
„Не спаљси Мелек, таа е божјо дете“, ја пренесува весникот Вест првата реакција на Ферус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


