| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ги држи затворениците на краток синџир: Законот за амнестија нема да се донесе пред изборите

Владата го усвои предлог-законот за амнестија, кој предвидува целосно ослободување од извршување казна на оние лица што биле осудени на 6 месеци затвор, а за сите други ќе има намалување од 30 отсто од казната. СДСМ на овој начин манипулира со затворениците, амнестира измамници, криминалци, насилници, крадци, а законот нема да го донесе пред избори.
Дваесет дена е рокот за да се направи финалната верзија на законот за амнестија што пред два дена го усвои владата. Министерот за правда Билен Салији не знае колку затвореници ќе бидат ослободени со законот за амнестија. Ресорниот министер се повикува на групата која го работела предлог законот, верувал во нивната работа и стручност.

Најмногу од новиот предлог закон ќе ќарат осудениците со затворска казна до 6 месеци тие нема да одат во затвор, на останатите казните ќе им бидат намалени за 30%.

Законот ќе важи за лицата со правосилна судска пресуда, нивното амнестирање, владата смета дека ќе ја доведе во ред пренатрупаноста во затворите. Законот не опфаќа ништо за оние кои со години се во притвор и чекаат правосилни судски пресуди. Не е опфатен и делот дали овој закон ќе оди на штета на ресоцијализацијата во затворите и што со повторувачите на кривичните дела.

Според познавачите особено спорен е првиот член.

Се амнестираат лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, се вели во член 1 од Предлог законот за амнестија.

За дел од познавачите непрецизна е терминоогијата, за други пак што е истакната дека ќе бидат амнестирани само оние кои се во казнено поправни установи. Велат дека дел од осдените се наоѓаат и во казнено поправни домови. Од опозицијата сметаат дека власта сака помилувањата да ги искористи во предизборни цели.

До крајот на 2016 година во македонските затвори има околу 3.000 затвореници, околу 1.8000 се во затворот Идризово во Скопје. Најголем број затвореници има поради кражба, над 100 затвореници издржуваат затворска казна од 3 до 6 месеци. Но власта нема одговор дали тоа нема да значи охрабрување, кривичните дела да ги повтораат или пак да ги мотивира намерно да ги направат ако се знае дека нема да завршат во затвор.

Министерот за правда од ДУИ смета дека нема популизам со овој закон, иако власта во јавноста го лиферуваше само на неколку дена пред стартот на локалните избори. Партијата на Салији, со години е на чело на министерството за правда, во чија надлежност се и затворските установи, сепак катастрофалната состојба во затворите тој не ја препишува на ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top