По најавите дека голем дел од странските инвеститори заминуваат од земјата, најверојатно „Фени “ е следна на листата. Но, затварањето на оваа фирма ќе значи и секнување на финансиите за повеќе од 1.000 семејства кои егзистираат од тие примања. Отвoрањето на ваквите и слични случаи стана честа слика по формирањето на новата Влада.Како што пишува „Економски.мк“, фирмата ЕДС на вицепремиерот Кочо Анѓушев ја блокирала сметката на кавадаречки „Фени Индустри“, а самиот тој преку неговите фирми го снабдува комбинатот со електрична енергија.
Порталот објавува дека уште пред една недела во фабриката извршители почнале да прават попис, а за тоа говорат и фотографиите кои се залепени во деловите каде е завршена работата. Моментално компанијата работи минимално, колку да не биде целосно исклучена.
Според „Економски“, производство нема, дел од вработените одат на работа, а неофицијално се говори дека прашање на време е кога ќе им биде соопштено дека нема потреба од нив.
Како водечка компанија во металургијата во земјава, „Фени“ има повеќе од 1000 домашни набавувачи и уште три сестрински фирми кои гравитираат околу неа. Директно Фени Индустри вработува 850 луѓе, стручни за оваа проблематика, но и многу изведувачи и фирми соработнички кои додатно го зголемуваат целокупниот ефект врз економијата .
Од опозициската партија постојано обвинуваат за пад на економијата, трпи и БДП и индустриското производство.
„Џонсон Контролс“ заминува од Македонија
Во Република Македонија станува тренд странските инвестиции да ја напуштаат државата. Американската компанија Џонсон Контролс по скоро децениското работење, најверојатно се спрема да ги напушти границите на Македонија.
Некогашен „Џонсон Контролс“, сега „Вистеон Електроникс“ најверојатно заминува од Бунарџик, објави телевизија „Алсат-М“. Информацијата, засега никој ниту ја потврдува, ниту пак ја демантира.
Додека соседните држави секојдневно се искачуваат на листата на „Форбс“ на најпријателски бизнис држави, Македонија го следи трендот на опаѓање од истата.
Македонија на листата на „Форбс“ во 2015 година се наоѓаше на високо 35. место, зад неа беа Бугарија на 38. место , Грција на 41. место, Албанија на 61. место и Србија дури на 69. место.
Во рок од само неколку месеци додека Македонија ги испушташе странските инвестиции, Србија се искачи дури за 12 места на листат и сега е рангирана на 47место. За разлика од од претходната година Србија е само еден чекор за нас на светскиот индекс на иновации во државата. https://www.globalinnovationindex.org/analysis-indicator
Политиките за привлекување на странски инвестиции од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ далеку се препознаваа и резултатите беа фрапантни и во тотална полезност на младиот обучен кадар во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст