Научниците од Универзитетот во Бафало заклучија дека иако мажите најчесто ги сметаат паметните жени за сексапилни, во пракса приказната добива поинаков тек.
Теоријата дека мажите сакаат интелигентни жени паѓа во вода во пракса.
Резултатите од истражувањето објавени во Personality and Social Psychology Bulletin откриваат дека „психичката дистанца“ е она што ги прави интелигентните жени попривлечни.
Утврдено е дека хетеросексуалните мажи навистина сакаат поинтелигентни жени, но кога ќе им се спротистават или ги надмудрат, веднаш ги сметаат за помалку привлечни.
Претходни истражувања се имаат занимавано со прашањата што е она што ја прави жената привлечна, но ова истражување покажа дека женската интелигенција „лаже“ кога е земена за параметар на привлечност кај мажите.
Во истражувањето учествувале 650 испитаници, а резултатите покажаа дека мажот ја сака интелигенцијата кај жената кога таа е просторно оддалечена од него, а во моментот кога ќе почнат да разговараат лице в лице, неговата заинтересираност полека опаѓа.
Тоа најчесто се должи на фактот дека мажите во тој момент се чувствуваат немажествено.
-Има расчекор во она што им се допаѓа на луѓето во апстрактна смисла и реалноста во која личноста е во директна друштвена комуникација со вас- велат научниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.