| четврток, 6 декември 2018 |

Почина најбогатата жена на светот!

Наследничката на француската козметичка куќа Л’Ореал Лилијан Бетанкур, најбогатата жена на светот која во последните години од животот патеше од деменција, почина во 94.година, соопшти нејзиното семејство.

-Лилијан Бетанкур почина синоќа во својата куќа. Мојата мајка мирно не напушти, соопшти нејзината ќерка Франсоаз Бетанкур Мејерс.Бетанкур беше 14. најбогата лучност во светот, според магазинот „Форбс“.

Ретко се појавуваше во јавност откако се повлече од челната позиција на „Л’ Ореал“ 2012 година, но нејзиниото име остана присутно во новинските написи додека членовите на нејзиното блиско опкружување се грижаеа за нејзиното се послабо ментално здравје, соопшти АФП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top