| четврток, 6 декември 2018 |

Рожденство на Пресвета Богородица: Ова не треба да го правите денес

Кај народот овој празник се одбележува со живописни обичаи, особено посветени на раѓањето.

Некои семејства во свечена облека, иако не одат на слава или не слават, повеќе денови поминуваат во празнично расположение особено во краевите каде што се одржуваат панаѓури.

Се верува дека ако е ведро на тој ден, Сонцето ќе ни се смее во текот на есента, но и во текот на зимата.

Жените на овој ден не би требало да ја чистат куќата, да перат и да вршат слични работи.

Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се работи никаква работа што се врши со раце. На денешен ден наводно не е добро ни да се почнуваат било какви нови работи, туку тоа да се одложи за следните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top