Во вчерашниот земјотрес во Мексико загинаа 225 лица, од кои најмногу, 94, во главниот град Мексико Сити, соопштија денеска мексиканските власти.
Мексиканската телевизија Телевиса, јави дека тела на 32 деца и петмина возрасни се извадени од под урнатините на приватно училиште, срушено во катастрофалниот земјотрес. Од под урнатините спасувачите извлекле и 14 преживеани, а продолжува потрагата по уште 230 лица. Во спасувачките акции учествуваат и родителите на учениците.
Земјотресот, што се случи вчера во 13.15 часот по локално време (20.15 часот по средноевропско време), беше со интензитет од 7,1 степен според Рихтер. Земјотресот беше на длабочина од 57 километри под површината на земјата, со епицентар на 12 километри југоисточно од градот Ахочјапан во државата Морелос.
Голем број земји и организации, вклучувајќи ја и Европската унија, им понудија помош на мексиканските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.