Поради ураганот Марија кој го зафати Порторико, 900.000 луѓе се без струја. Летаат покриви, а искршени се и прозорци од силниот ветер. Врз возило на итната помош падна дрво.
Граѓаните кои побараа засолниште во театарот во Сан Хуан се сместени на вториот и третиот кат.
Гувернерот Рикардо Росело предупреди дека земјата може да биде погодена со силен ураган каков што немало со децении. Тој нагласи дека ќе се уништи голем дел од инфраструктурата во Порторико.
На граѓаните кои живеат во куќи со дрвена или слаба конструкција им се советува да бараат побезбедно сместување.
Хектор Пескера, комесар за безбедност им порача дека или ќе се евакуираат или ќе загинат.
This is how a hotel in San Juan, Puerto Rico prepared for Maria as it moves over the island.
Follow live updates: https://t.co/FAN1JCenBE pic.twitter.com/2lperfmPKQ
— CNN (@CNN) September 20, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст